Вести Македонија

Викотници и караници за член на ДИК

Со викотници и караници пропадна уште еден обид за комплетирање на Државната изборна комисија (ДИК). Тензиите почнаа откако претседателката на Комисијата за избори и именувања соопшти дека кандидатот на БЕСА, Абдуш Демири, не ги исполнува условите за член на ДИК, затоа што во биографијата му стои дека е генерален секретар на БЕСА, а според изборниот законик член на ДИК не може да членува во партиски орган.

На ова жестоко реагираше пратеникот од БЕСА, Фадил Зендели кој покажа нотарска изјава на Демири, доставена во Собранието дека повеќе не е генерален секретар на партијата. Зендели обвинува дека се подготвува изборен фалсификат, а реагираа и од ВМРО ДПМНЕ.

Преседателката се бранеше со доставената биографија.

Местото во ДИК над девет месеци стои празно, откако Кренар Лога стана министер, а Алијанса за Албанците упорно бараат на негово место повторно да седне нивни кадар. На ова се противи албанската опозиција која смета дека местото им припаѓа ним. За избор на член на ДИК е потребно двотретинско мнозинство, кое според сегашниот распоред на силите во Собранието најверојатно нема да го добие ниту еден кандидат, доколку партиите не се договорат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе