Македонија

Министерот Шаќири не одговори колкав е збирот на аглите во триаголник

Министерот за образование не одговори колкав е збирот на аглите во триаголник. А, во врска со грешката во учебникот по математика за шесто одделение каде тој збир е 190, наместо 180, како што предупреди професорката од „ Корчагин“ , Фросина Митрушева на Фејсбук, Шаќири вели дека побарал од авторите на учебникот , универзитетските професори Крутан Расими, Валентина Гоговска и Снежана Ристовска, да одговорат зошто е направена оваа, како што кажа министерот , техничка грешка. По добивањето на одговорот јавноста ќе биде информирана.

  • Јас побарав официјално забелешки зошто се работи за универзитетски професори тие кои се вклучени, како тие ќе ги достават, зошто е направена таа техничка грешка или решение на тие проблематики. Веднаш ќе доставиме и до јавноста , исто така и до наставниците или просветните работници, вели министерот за образование, Јетон Шаќири.

Шаќири не кажа дали некого ќе повика на одговорност, но рече дека грешки во учебниците имало и во минатото. Ги повика авторите и рецензентите да бидат повнимателни кога пишуваат или оценуваат некој учебник. За случајов и денеска од Бирото за развој на образованието и од Националната комисија за учебници се недостапни .

И додека во дел од учебниците, напишани според новата концепција, јавноста втора година открива и е гневна на грешките, учениците во шесто одделение ќе го завршат полугодието без печатен учебник по Историја и општество зашто допрва рецензенти ќе ги оценуваат пристигнатите ракописи. Основците и средношколците повеќе од 6 години немаат ни учебници за странските јазици. Проблемот е во законската регулатива за пријавување на странските издавачи на тендерите. Затоа министерот побарал став од ДЗР околу толкувањето во Законот за учебници и во други закони. Доколку извештајот од ревизорите покаже дека се потребни законски измени, министерот очекува пратениците да ги усвојат во интерес на учениците , во нajкус рок.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе