Вести Македонија

Армијата со детали за принудното слетување на хеликоптерот

Од Армијата со повеќе детали за попладневниот воздухопловен инцидент во скопско со воен хеликоптер. Нема повредени, хеликоптерот безбедно слетал, а причина е што инструментите покажале грешка во работа на моторот.

Целосното соопштение на АРМ:

Со цел информирање на јавноста, транспарентно прикажување на активностите на Армијата на Република Северна Македонија и спречување на дезинформации,  Ве информираме за следното:

Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури  поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец.

По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви  оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе