Вести Свет Топ вести

Расте бројот на цивилни жртви пред налетот на израелската армија во Газа

Израелските сили ги интензивираа своите воени операции по завршувањето на прекинот на огнот во петокот утрото. Извештаите од терен покажуваат дека во бомбардирањата на израелската армија до сега настрадале голем број цивили, пред се жени и деца.

Рано утрово десетици тела на загинати беа донесени во болницата Ал Акса во Деир ал Балах, а амбулантни возила и цивилни автомобили постојано носат ранети. Роднините се собраа да ги оплакуваат убиените.

Од утрото денеска, примивме голем број маченици. Повеќето од нив беа деца, има повеќе од 15 деца од 2 до 8 до 9 години, овие невини деца се бомбардирани и тие се пред вас и можете да ги видите. Тие беа бомбардирани додека престојуваа безбедно во своите домови, раскажува здравствен работник во болницата.

Поради големиот број на повредени лица утринава болницата Насер во Кан Јунис се соочува со недостих на кревети па персоналот е принудени пациентите да ги лекува на подовите низ објектот, легнати до тела на загинати. Силни бомбардирања беа пријавени во текот на ноќта и во јужниот град Рафах.

Добивме снимена порака дека блоковите 44 и 45 треба да се евакуираат. Бевме во блок 45, според картата на поделба испратена од Израелците. Јас, не можев да го заштитам мојот дом. Моите деца, мојата сопруга, сите беа во страв и исплашени. Тоа ме принуди да заминам и да барам сигурност на секои четири или пет метри во овој град. Каде е безбедно? Се колнам во Бога, никој не знае, каде да одиме? Досега не ја знаеме нашата судбина или каде да одиме за да станеме маченици – на улица или во куќа? Само Господ знае каде одиме, вели Зохаир ал Раи, раселено лице од Газа.

Израел нареди повеќе области во и околу Кан Јунис, вториот по големина град во Газа, да се евакуираат. Утрово објави и нови видео материјали на кои е прикажано како со експлозиви уништуваат тунели за кои велат дека се на борците на Хамас.

Канцеларијата на ОН пресмета дека четири од пет жители на Газа ги напуштиле своите домови, а 1,8 милиони лица се внатрешно раселени од вкупното население кои изнесува околу 2,3 милиони жители.

Здравствените власти во земјата информираа дека од почетокот на војната до сега убиени се над 15.200 а ранети се над 40 илјади лица.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе