Вести Свет

Почина Хенри Кисинџер – човекот кој ја формираше глобалната политика на 20-от век

Хенри Кисинџер беше американски дипломат, државен секретар и советник за национална безбедност во претседателските администрации на Ричард Никсон и Џералд Форд.  Германец по потекло, Кисинџер како државен секретар во 1970-тите учествуваше во клучните глобални настани од таа деценија.

Неговите напори доведоа до дипломатско отворање на Кина, историски американско-советски разговори за контрола на оружјето, проширување на врските меѓу Израел и неговите арапски соседи и Париски мировен договор со Северен Виетнам. Владеењето на Кисинџер како главен креатор на американската надворешна политика заврши кога Никсон поднесе оставка поради скандалот Вотергејт. Сепак, тој остана дипломатска сила под наследникот на Никсон, претседателот Џералд Форд, и продолжи да изразува силни мислења до крајот на својот живот.

Смртта на Кисинџер е дочекана со поделени реакции. Светските политичари и неговите наследници по функција сметаат дека беше човекот кој ја формираше глобалната политика на 20-от век.

  • Секретарот Кисинџер навистина ги постави стандардите за сите вклучени во оваа работа. Бев многу привилегиран да го добијам неговиот совет многупати, вклучително и пред околу еден месец. Беше извонредно дарежлив со својата мудрост, со своите совети. Малкумина беа подобри студенти по историја. Уште помалку луѓе направија повеќе за да ја обликуваат историјата од Хенри Кисинџер- Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Додека многумина го величаат Кисинџер за неговата брилијантност и широко искуство, други го опишуваат како воен злосторник за неговата поддршка на антикомунистичките диктатури, особено во Латинска Америка.

Нобеловата награда за мир во 1973 година, која им беше доделена на Кисинџер и лидерот на Северен Виетнам, Ле Дук То, кој одби да ја прифати, беше една од најконтроверзните во историјата.

Кога ја напушти владата, Кисинџер ја формираше својата скапа, моќна консултантска фирма во Њујорк, која нудеше совети на светската корпоративна елита. Беше член на бордови во бројни компании и разни надворешно-политички и безбедносни форуми, пишуваше книги и стана редовен медиумски коментатор за меѓународни прашања.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе