Вести Свет Топ вести

Хамас изрази подготвеност за продолжување на примирјето за уште четири дена

Хамас е подготвен за продолжување на примирјето во Газа за дополнителни четири дена, изјави извор близок со палестинската милитантна група за Агенцијата Франс Прес.

„Хамас ги информира посредниците дека е подготвен за продолжување на примирјето за четири дена и оти групата ќе може да ослободи израелски заложници кои таа, други движења на отпорот и други страни ги држат во овој период, во рамки на условите на постоечкото примирје“, вели изворот за АФП.

Вкупниот број на заложници кои ги ослободи Хамас од минатиот петок е 81, додека Израел пушти на слобода 180 Палестинци од затворите.

Според условите во договорот, прекинот на огнот може да се продолжи за повеќе денови, до вкупно 10, а секој ден Хамас ослободува по најмалку 10 заложници, при што Израел би пуштал повеќе затвореници според договорот „три за еден“.

Продолженото примирје за размена на израелски заложници за палестински затвореници истекува утро изутрина.

Израелските одбранбени сили, пак, утрово со ново предупредување до сите Палестинци да не се движат кон северниот дел на Газа и покрај примирјето, со образложение дека тој дел го сметаат за воена зона. Израелската страна притоа наггласи оти е забрането приближување до границата на помалку од еден и пол километар, како и влегување во море.

Палестински медиуми објавија дека во текот на ноќта дошло до судир меѓу палестински вооружени напаѓачи и израелски единици во градот Џенин на северот на Западниот брег. Во тек е израелска рација, а медиумски извештаи се однесуваат и на едно повредено момче по употребата на куршуми за предупредување, шок бомби и солзавец.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе