Вести Македонија Топ вести

Агенцијата за одземен имот го ситни имотот на Мијалков

По становите во Охрид и парцелата во с. Моране, Скопско, Мијалков засекогаш останува и без три апартмани во комплексот „Панорамика“ на Водно кои ги вложи за слободата во истрагата за предметот „Империја“ и перењето пари за кое беше осомничен.

Агенцијата за управување со одземен имот во 3 часовна електронска аукција со наддавање успеа да продаде 3 станови. Еден со големина од 78 квадрати и 2 по 73 метри квадратни. За сумата од 332 илјади евра, која ќе се слее во државниот буџет, продадена е и гаража во општина Центар.

Но, продажбата на имотот на поранешниот шеф на тајната полиција не оди како подмачкана. За пакетот акции во 8 компании вреден 350 илјади евра не се јави ниту еден заинтересиран купувач.

На последната продажба, пак, и претходеа пријави за закани и заплашувања кон директорот на агенцијата, но заплашувачите за јавноста останаа непознати.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден над 15  милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот „Мериот“, но и 6 милиони евра готовина.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе