Вести Свет Топ вести

Конфискуван недвижен имот и банкарски сметки на Јамарбер Малтези, меѓу нив и станот во кој живее Бериша

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал во Тирана изрече мерка за „превентивна конфискација” на 25 имоти на Јамарбер Малтези, зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша.

Меѓу другото блокирани му се шест банкарски сметки, конфискувани 16 станови, како и акции во неколку фирми.

Припадниците на судската полиција денеска  на терен започнаа со превентивно одземање на 25 имоти на Малтези. Првично беа во банки од второ ниво за блокирање на шест сметки на име на зетот на поранешниот премиер, а потоа ќе одат во три фирми, поточно “Homeplan”  каде  Малтези има 45 отсто од акциите “Magnet IMO” каде поседува100 отсто од акциите и “Magnet Gym and Fit” каде има 60 отсто од акциите, јави Топ чанел.

Од 16 станови, седум се наоѓаат на улицата „Мустафа Матохоти“ во Тирана, која е позната и како улица на поранешниот премиер, бидејќи Бериша овде живее во стан на име на неговата ќерка, кој исто така е опфатен со одлуката на судот.

Исто така, со одлуката се опфатени имотите кај поранешниот комплекс „Партизан“ и вилата во Ѓирин е Лалзи(Заливот на Лалзи, познат и како Заливот на Свети Петар) на албанското крајбрежје, каде Бериша вообичаено го минува времето во текот на летото, врз основа на неговите објави на социјалните мрежи.

Службениците ќе бидат физички присутни во просториите за да се огласат и да ги сменат бравите. До друга одлука, овие ќе бидат блокирани и Малтези не може да спроведе друга постапка, било да е продажба или издавање, додава телевизијата.

Денеска Судот треба да донесе одлука каква мерка ќе добијат Малтези, Бериша и бизнименот Фатмир Бектеши.  Првиот беше уапсен пред два дена и задржан во притвор, на вториот му е одземена патната исправа и одредена мерка редовно јавување во полиција, исто како и на бизнисменот.

Се товарат за активна и пасивна корупција, измама и перење пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонците потрошија 573 милиони евра во 2023 година на Интернет пазарењето

Дејан Дејан

Разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија

Дејан Дејан

Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе