Свет

Милитантите на Хамас нишкаат заробени израелски деца во видео

Вооружени мажи на Хамас држат си играат и се сликаат со киднапирани израелски деца и бебиња во вознемирувачко видео кое самиот Хамас го објави.

Видеото прикажува маскирани мажи во униформи и војнички елеци и со замаглени лица како си играат со деца во куќа на непозната локација.

Во еден сегмент, постаро дете, не повеќе од 5 години, седи во скутот на еден од неговите киднапери додека терористот полека го ниша бебето, а на блиската маса јасно се гледа автоматска пушка.

При крајот на видеото, маж кој носи зелена лента за глава држи дете во секоја рака и директно зборува пред камерата на арапски.

Засега не е позната целтта на видеото, но според пишувањато на Њујорк Пост се наведува дека милитантите сакаат да прикажат слика како се грижат за кинднапираните деца по минатонедлениот уапад на борците на Хамас на Израелска територија при што киднапираа над 150 мажи, жени и деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе