Вести Свет

ЕУ, В. Британија, Франција, Германија и САД со остра осуда за нападот на Хамас врз Израел

Европската унија (ЕУ) остро го осуди денешниот напад во кој палестинската вооружена група Хамас го нападна и бомбардира Израел. Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека е „шокиран од нападите утринава на терористите на Хамас врз израелски граѓани“. Тој на социјалната мрежа Х напиша дека Израел има апсолутно право да се брани.

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги осуди нападите, велејќи дека „изразува целосна солидарност со жртвите, нивните семејства и најблиските“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека „насилството и ракетите врз невините цивили мора да престанат сега“. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша нападот како „тероризам во неговата најодвратна форма“.

САД го осудија насилството и ги повикаа двете страни да се воздржат од одмазда. Рускиот заменик министер за надворешни работи рече „се подразбира дека секогаш повикуваме на воздржаност“. Реагираше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе