Вести Македонија Топ вести

Внук на екс-функционер на ДУИ со дипломатска зделка во МНР за ОБСЕ – треба да ја преуреди салата Борис Трајковски за 1,5 милион евра

Спортистите и спортските настани до крај на ноември ќе се иселат од салата Борис Трајковски, за да го препуштат местото на политичарите кои ќе учествуваат на министерскиот совет на ОБСЕ кој ќе се одржи во Македонија на крајот од мандатот на држава претседавач.

Салата наскоро ќе биде домаќин на европското одбојкарско првенство каде ќе настапува и македонската репрезентација, но опрема од внатре веќе се прибира и се сели како што е ова столче наменето за министерката за култура за некој завршен настан.

Зделката од околу милион и пол евра без ДДВ ја доби компанија од Желино. „Еуровиа“ има роднински врски со ДУИ, сопственикот Ељмедин Адеми е од семејството на поранешниот вицепремиер Адеми. Но, не само роднински туку и партиско-финансиски, „Еуровиа“ и сопственикот Адеми во најмалку два наврати биле донатори на поголеми суми на ДУИ. Редовно учествува и добива државни тендери, а два највепчатливи се оној од околу 2 милиони евра за чистење и уредување на земјиштето околу автопатиштата низ цела Македонија, како и тендерот на МВР за изградба на полициска станица во Аеродром.

Но, од МНР тврдат дека сомнежите се неоправдани, „Еуровиа“ била избрана затоа што била најефтина меѓу четирите понуди за организација на советот на министри на ОБСЕ, во процедура според Законот за јавна набавка.

Избраната компанија имаше понудено убедливо најниска цена, која достигнува разлика и до два и пол пати пониска од трето-рангираната и четврто-рангираната компанија. Увид во постапката и изборот кој е целосно согласно процедурите имаат сите институции и јавноста, а одлуката ја потврди и второстепената Комисија. За предвидените работи беше склучен договор во рамковен износ до 95 000 000 денари, а ќе се искористи согласно потребите и поединечните цени понудени како најниски за извршените работи, соопштија од мнр.

Од кабинетот на Бујар Османи, кој исто така е од ДУИ, тврдат дека министерскиот совет во Македонија ќе има скромен и најмал буџет во однос на претходните претседателства. Првично беше соопштено дека буџетот ќе биде околу 5 милиони евра, а најголемиот дел го добила токму Еуровиа. Дополнително фирмата „Бар“ има добиено два тендери во висина од околу 190 илјади евра за план и за надзор, а еден тендер има добиено агенцијата „Рејтинг“ на Никола Спасов, околу 120 илјади евра за услуги за стратешки комуникации.

Во тек е набавка за интернет и дигитални услуги, а државата ќе мора да изнајми и да плати ВИП возила, хотелско сместување и угостителски услуги за делегациите кои МНР очекува да ги предводат 70 министри за надворешни работи. Тие ќе работат во услови кои ќе ги обезбеди „Еуровиа“ на Адеми, која што е задолжена да ги демонтира и премести сите трибини и спортска опрема, да исчисти, префарба, да изнајми мебел, а по самитот сѐ да врати како што било.

Забележливо е дека „Еуровиа“ најголем дел од зделките со државата ги има склучено од 2017-та наваму, и со приходи во 2022-ра од повеќе од 15 милиони евра има годишно зголемување на приходите за неверојатни 100 проценти, или повеќе од двојно во однос на претходната година.

Оваа година компанијата предводена од внук на екс-функционер на ДУИ склучи договори со државата во вредност од над 360 милиони денари (или околу 6 милиони евра).

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе