Вести Македонија Топ вести

Груби: Да не се прави дефокус од важните работи во државата

„Непотребен инцидент кој е провокација за европскиот пат на нашата земја“, вака вицепремиерот Артан Груби го оцени вчерашниот инцидент во Тетово каде повторно се вееше знаме на „голема Албанија“, додека градоначалникот Биљал Касами промовираше асфалтирана улица. Според Груби таквата иконографија нема да донесе добро и затоа смета дека треба да се игнорираат ваквите гестови.

Непотребна иконографија која не служи ниту на Албанците, ниту на Македонците ниту на било кој во нашата држава. Посебно не кога во нашата држава пристига висок гостин од Стејт департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме вакво нешто, да ја дефокусираме јавоста, тој настан, тој вокабулар е само за самофакторизирање и служи на некои агенди кои не и го сакаат доброто ниту на Македонија, ниту на Албанците, ниту на кој било друг, изјави груби.

Касами вчера даваше изјава за медиумите токму пред знамето со иконографија која промовира територијални претензии, одговарајќи дека граѓаните го поставиле како реакција поради односот на власта кон нив и дека тоа нема врска со Општината.

Исто знаме беше истакнато и пред две недели на концертот организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти, а затоа што не била интонирана државната химна и не било истакнато државното знаме при дочек на странска делегација, Општината и градоначалникот заработија прекршочна пријава. За истиот прекршок пријава доби и градоначаликот на Чаир. За Касами, тоа има политичка порака.

Јас сум цврсто убеден дека тоа е случај по политичка порака порака до мене и до сите кои мислат спротивно на оваа Влада на овие политички партии на власт, дека ако работат спротивно на нивните партиски интереси и нивните лични интереси ќе можат да ја имаат истата судбина. Но не само јас, сите граѓани не се плашат на ваквите уцени, изјави вчера касами.

Од МВР велат дека за вчерашниот случај СВР Тетово презема мерки за расчистување и ќе бидат преземени сите мерки и активности согласно законите. Инаку полицијата сѐ уште трага по лицето што го вееше знамето на „голема Албанија“ на 11 август.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Зоран Јовановски: Запалениот автомобил е порака од криминалците

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе