Вести Македонија Топ вести

Во гаражата на Ист Гејт во Скопје пукано врз Раде Трајковски – Штекли, нема повредени

Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли . Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден.  Тој според информациите на Телма бил во блиндирано возило. Во мометот кога екипата на Телма беше таму  полицијата вршеше  увид . Според неофицијалните информации Трајковски Штекли живеел во близина на трговскиот, а во трговскиот центар доаѓал на вежбање.

Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и дека случајот се истражува.

„Добивме пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје, едно лице кое било со патничко возило Ауди пукало кон Р.Т. (39) од Скопје но не го погодило. Во возилото имало уште едно лице. Значи, повредени лица нема, известен е јавен обвинител и екипи на СВР Скопје заедно со обвинителство превземаат мерки за расчистување на случајот,“ вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Колата која ја користеле двете лица кои попладнево пукале Раде Трајковски Штекли во гаражите на „Ист гејт“, е пронајдена запалена кај езерото Треска во близина на Грчец, дознава Телма од извори на истрагата.

Лицето врз кое е извршен овој напад, Раде Трајковски-Штекли,  неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше  екстрадиран по апсење во Србија.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе