Вести Македонија

Водата во руралните средини во тетовско во голем дел е небезбедна

Со години наназад голем дел од руралните средини во тетовскиот регион имаат небезбедна вода за пиење. И полугодишните извештаи на Центарот за јавно здравје Тетово покажуваат дека 67 проценти од мострите земени од чешми во повеќето села не одговараат по правилниците и стандардите. Дел од жителите сепак ја пијат водата, но повеќето купуваат или полнат од проверени чешми.

Процентот е повисок кај крајпатните чешми и изнесува 76, вели доктор Ратко Давидовски, раководител на Одделението за хигиена и здравствена екологија.

„Најчесто се работи за колиформни бактерии, што ни се показател дека може нешто многу потешко да се случи, а домицилното население се навикнале на таа вода, што не е добра пракса. Многу да бидеме внимателни кога се оди по излети кога имаме чешми, да не се консумира затоа што се бактериолошки небезбедни во огромен број на проценти“ вели д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје Тетово

Ваквата состојба е присутна кај селските водоводи кај кои нема грижа од комуналните претпријатија, а најчестата причина за тоа се финансиите, но д-р Давидовски потенцира дека мора да биде воведена редовна и континуирана дезинфекција.

„Не се врши редовна дезинфекција на водата, не се врши контрола на извориштата, не се вршат чистење на каптажите, зашто и извориштата и каптажите треба една годишно да се чистат, нема оформени или ако има заштитни зони не се одржуваат, тоа значи прва заштитна зона е зона на забрана и околу резервоарите и околу извориштата, секако нестручно одржување, меѓутоа главна причина е невоведување на дезинфекција, вели д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје Тетово.

Доктор Давидовски апелира и посетителите на Шар Планина да носат флаширана вода, односно да не ја користат водата од планинските извори, зашто често истата е загадена и ретко се контролира. Водата во градот, пак, е безбедна за пиење.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе