Вести Македонија

Десетина лица без документи добија изводи, сите 540 лица ќе бидат запишани во матичната книга на родени до крајот на годината

Дополнување на документацијата на стотина лица за добивање на извод од матичната книга на родени, додека денеска се врачени изводи на десетина лица. Изводи во наредниот период ќе добијат и оние граѓани кои имаат поднесени таксативни барања во рамки на законските измени.

Според директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани, сите 540 лица без документи во земјава ќе бидат запишани во матичната книга на родени.

Ова доаѓа по измените и дополнувањата на Предлог законот во кои учествуваа Министерството за правда и невладините УНХЦР, ОБСЕ и Центарот за социјални, а беа изгласани во Собранието. Меѓу придобивките на предлог измените на законот е што се тргнаа ДНК и отежувачките околности за добивање на документи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе