Вести Македонија

Во Тетово се гради на секој чекор, граѓаните не можат да го препознаат градот

Се гради речиси на секој чекор во Тетово. Висококатници на местата на куќи, доградби, надградби – со градежни дозволи, но и без дозволи. Граѓаните велат дека не се запазува урбанистичкото планирање и веќе не можат да го препознаат својот град. Претворен е во асфалт и бетон, а има многу малку зеленило. Една од последиците од тоа е и загадениот воздух.

„Дивоградбите создаваат револт кај обичниот граѓанин. Сѐ треба да биде согласно законот за урбанистички план на градот, затоа што ова веќе стана анархија“, вели граѓанин.

„Општината не треба да ги пушта да градат згради, после нема простор за воздух, Навистисна е хаос“, вели граѓанин

„Многу е густо населено, треба природа“

Од тетовскиот Инспекторат велат дека се прават контроли. Според нив нелегалното градење е намалено, а доколку наидат на дивоградби ги стопираат и бараат соодветни документи, но проблем им создава,тоа што дел од сопствениците поднесуваат жалби и не ги почитуваат инспекциските решенија.

 „Имаме многу проблеми тука, оти се жалат на второстепена комисија, најчесто тие ни одбиваат како неосновани решенијата на инспекторите, а тие се дивоградби. Ние пак треба да почнеме постапка од почеток, додека докажеме дека сме во право. Како закон е проблематичен, додека правиш записник и решение, тие не стопираат, иде и полиција и кривична пријава, па пак продолжуваат, имаме проблеми во тој аспект“, изјава Абдулгани Алији, раководител на Општински инспекторат – Тетово

Според Инспекторатот во викенд населбата на Попова Шапка нема нови дивоградби, периодов се гадат неколку објекти кои имаат дозволи.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе