Вести Свет

Избори во Шпанија, десничарите со најголеми шанси да се вратат на власт, но само во коалиција со уште порадикални националисти

Шпанија утре одржува парламентарни избори во ситуација на длабока политичка поделба во земјата, невидена уште од периодот пред граѓанската војна во триесетите години на минатиот век, по која следуваше 40 годишната диктатура на генералот Франциско Франко.

Голем дел од Шпанците стравуваат дека на власт во земјата ќе се вратат фашистите, токму во момент кога земјата доживува еден вид на економска ренесанса. Инфлацијата е на најниско ниво во еврозоната и една од најниските во Европа воопшто со 2 проценти, додека владата на премиерот Педро Санчез последните 4 години усвои низа закони кои ги зајакнуваат личните слободи и права на жените и припадниците на ЛГБТ заедницата.

Бидејќи тој е најдобриот, заврши добра работа изминативе години проследени со пандемија, војна, вулканска ерупција и инфлација, заврши одлична работа. Не постои друга опција, вели Начо Бланшарт, поддржувач на Социјалистичката партија.

Во исто време стапката на невработеност е една од највисоките во Европа, а ниските примања за голем дел од работниците значат живот на раб на сиромаштија. Но, наместо економските прашања, во центарот на дебатата во Шпанија се прашањата за традиционалните вредности и шпанскиот идентитет во 21 век. Фокусот на овие прашања исклучително умешно го постави крајнодесничарската партија ВОКС и нејзиниот лидер Сантијаго Абаскал.

Мислам дека ова е партијата која ја води многу потребната културна битка, и тажно е што медиумите на некој начин го замајуваат целото општество. Но, верувам дека Сантијаго Абаскал веќе ја заврши својата работа и сега ние сме на ред да ја завршиме нашата. Верувам дека исто така треба малку и да се молиме, затоа што човечкиот дел заврши, сега останатото е во раце на Господ, вели Хавиер Карлин, поддржувач на ВОКС.

По локалните избори во мај годинава, ВОКС се издигна и на национално ниво, а последните предизборни анкети покажуваат дека партијата може да биде и одлучувачки фактор при формирањето на идната влада.

Фаворит на овие избори, кои ги распиша Санчез по катастрофалните резултати на неговата Социјалистичка партија на локалните избори, е Народната партија на која ѝ се предвидува да освои околу 36 проценти од гласовите, пред социјалистите за кои не се очекува да надминат 29 проценти.

Интересно е што и двете партии со умерени но спротивствавени идеологии зависат од проадикални партии од својот идеолошки спектар. Ако од ВОКС зависи евентуалната влада предводена од Народната партија, за Социјалистите тоа е движењето Сумар и неговата харизматична лидерка Јоланда Дијаз.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тенкион паричник каска зад високите велигденски цени

Дејан Дејан

Започна дистрибуцијата на доверлив избирачки материјал

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ впери прст кон ДУИ за изборни неправилности во вториот круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе