Вести Свет Топ вести

Задоволство за Киев, грижи за Москва – Ердоган изрази поддршка за членство на Украина во НАТО, Путин ќе биде негов гостин во август

Задоволство во Киев, загриженост во Москва. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Истанбул, на 500-от ден од руската инвазија, изрази поддршка за членство на Украина во НАТО. Притоа тој порача дека и Украина и Русија, со кои негува блиски односи, треба да се вратат на преговорачка маса за изнаоѓање на политичко решение на војната.

Ердоган на пресот со Зеленски објави дека Путин ќе отпатува во посета на Турција во текот на август, но не откри датум. Една од темите на разговор, како што истакна, ќе биде размената на заробеници меѓу Украина и Русија. Последната средба на Ердоган со Путин се случи во Казахстан лани. Претстојната посета, пак, на рускиот претседател на Турција ќе биде негова прва во земја членка на НАТО од почетокот на војната во Украина.

Ердоган и Зеленски разговараа и за иднината на т.н. Црноморска иницијатива за извоз на жито. Договорот беше постигна во јули лани под покривителство на Обединетите Нации и Турција со важност до 17 јули оваа година. Додека Русија не гледа причини за негово продолжување, турскиот претседател, сепак, изрази оптимизам во спротивното, односно негово продолжување за, барем, уште три месеци.

Посетата на Зеленски на Турција е во рамки на неговата европска турнеја за поддршка за членство на Украина на НАТО по завршување на војната со Русија во пресрет на претстојниот Самит на лидерите на Алијансата во Вилнус на 11 и 12 јули. Зеленски во Истанбул оствари средба и со вселенскиот патријарх Вартоломеј, а на 500-от ден од руската инвазија на Украина го посети и Змискиот остров кој припаѓа на округот Одеса и за кој Киев води спор со Романија околу територијалните води пред Меѓународниот суд на правдата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе