Вести Македонија

Поплавени домови, уништени патишта по невремето во Непроштено и Теарце

Поплавени домови и помошни протории, уништена патна инфрастуктура по вчерашното невреме во тетовските села Непроштено и Теарце. Денес се санираа штетите откако по силниот дожд, проследен со силен ветер и град, поголем доток на вода од планината донел наноси од кал, камења и песок. Жителите велат дека за еден час врнежи, улиците буквално биле претворени во реки.

  • Еве јас имам 70 години, не паметам вакво невреме за еден саат се да однесе, изјави Вељо Томоски, жител на Непроштено.
  • По целиот пат од горе до доле, главниот пат во Непроштено имаше многу поплавени подруми, многу поплавени фамилии. Дрвава кај мене по пат, поплавен ми беше подрумот, гаражава цела ми е со тиња. Мислам дека општинава сега треба да изреагира, да направи канали по крај патот- изјави Александар Исаиловски, жител на Непроштено.
  • Полни дворови, уништени дворови, визби полни, патот е скроз уништен. Овој канал е мал, некогаш доаѓаат големи води овде, треба да се прошири каналот- вели Петар Костадиноски, жител на Теарце.

Градоначалникот на Општина Теарце информира дека се работи на терен за санирање на последиците, но вели дека проблемот со атмосферската канализација е наследен и во иднина треба да се гради според стандарди.

  • Паралелно треба да се води сметка за атмосферските води во која насока треба истите да бидат или да завршуваат. Нема стандард со кој може да биде изграден мост со цевки поставени, кој доведе во вакви катастрофални последици. Реално од наша страна е евидентирано е и тоа се обидуваме истото да биде отстрането и во иднина во таквите планови секогаш да имаме увид и да се гради со стандарди- изјави Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.

Наносите од песок и кал се чистеа и долж регионалниот пат Тетово- Јажинце. Имаше поплавени улици и во градот, додека помали штети имаше и во селата Лешок и Требош.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе