Вести Македонија Топ вести

Владата донесе одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“ со што се отвори пат за ископување на злато и бакар во Струмичката котлина – Активистите се гневни

Владата ги споила двете концесии за рудникот кај струмичко Иловица. Според  Одлуката што вчера излезе во Службен весник се спојува Концесијата за експлоатација на минерална суровина-злато и бакар с. Иловица во општина Босилово  со концесијата за експлоатација на минерална суровина злато и бакар во општина Босилово и Ново Село. Активистите се гневни и велат дека се потврдува нивната претпоставка дека ДУИ извршила притисок.

Активистите реагираа уште пред половина година кога излезе информацијата дека оваа компанија купила акции од концесионерот Еуромакс.

Станува збор за акции во вредност од 3 милиони американски долари, а договорени се дополнителни финансии од 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25% од Еуромакс Ресурси под услов во наредните 2 години Еуромакс да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и конечно да добие дозвола за експлоатација.

Активистите порачуваат дека битката против рудникот допрва ќе се вжештува и дека ќе се организираат големи протести против отворање објекти од тешка индустрија над плодното струмичко поле.

Сузана Мицева

-Еуромакс Ресоурсис со особено внимание ја следи правната разврска за остварувањето на нашите права како странски инвеститор. Сите правни аргументи се на страната на Еуромакс Ресоурсис. Токму затоа, очекуваме без понатамошни одлагања надлежните државни институции да продолжат да ги усвојуваат сите неопходни одлуки за да почне реализацијата на една од најголемите инвестиции од независноста на државата до денес. Впрочем, Република Северна Македонија како полноправен член на НАТО Алијансата и држава која ги отпочна преговорите за полноправно членство во ЕУ, меѓу другото има должност и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведување на законите за домашните, но и за странските инвеститори, се вели во реакцијата на компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе