Вести Македонија Топ вести

Предлогот на ЕК за макрофинансиска помош за Македонија на седница на КОРЕПЕР

Предлог-одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Македонија од страна на ЕУ ќе се најде на дневниот ред на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), што започнува денеска.

Со Предлог-одлуката, усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари годинава, се предвидува обезбедување макрофинансиска помош за земјава во износ до 100 милиони евра, за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина.

Предлогот-одлуката на Европската комисија на 13 јуни беше одобрена од Европскиот парламент во прво читање, по што сега му се предлага на КОРЕПЕР да ја одобри.

Исходот од гласањето во Европскиот парламент го одразува постигнатиот договор меѓу институциите за прифаќање на предлогот на Комисијата и затоа треба да биде одобрен. Затоа, од Комитетот на постојаните претставници се бара да ја потврди својата согласност и да му предложи на Советот да ја одобри позицијата на Европскиот парламент, се наведува во предлог-иницијативата што треба да биде разгледана на денешното заседание на КОРЕПЕР.

За одлуката да биде конечно усвоена, таа треба да биде одобрена од Советот на ЕУ, по што ќе стапи во сила откако ќе биде потпишана на претседателите на Европскиот парламент и на Советот и објавена во Службениот весник на Европската Унија.

Како што се посочува во текстот на Предлогот, со ваквата одлука Европската комисија „застанува покрај Македонија во овие предизвикувачки времиња, бидејќи по руската агресивна војна против Украина, надворешниот биланс на земјата се влоши поради нејзината голема зависност од увоз на гориво и електрична енергија.

Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи. Предлогот е придружен од 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 530 милиони евра.

Предвидено е помошта да биде исплатена во форма на заеми во две транши, но нивната исплата ќе зависи од реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупцијата, како и од спроведувањето на програмата на ММФ.

Овие реформи ќе ја поддржат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, се додава во предлогот на Еврокомисијата, при што се посочува дека „Северна Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ, која формално ги отвори пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година“.

Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ за поддршка на земјите кандидати за членство и партнерите од соседството, предвидена како исклучителен инструмент за одговор на кризи при сериозни проблеми со платниот биланс.

Во април 2020 година Еврокомисијата усвои предлог-пакет за макрофинансиска помош во износ од 3 милијарди евра наменета за 10 земји кандидати за членство и партнери од соседството наменети за ограничување на економските последици од ковид пандемијата. Одлуката беше усвоена од Европскиот парламент и Советот на ЕУ во мај истата година.

Како дел од овој пакет, ЕУ и додели макрофинансиска помош на земјава во износ од 160 милиони евра. Првата транша од 80 милиони евра беше исплатена во октомври 2020 година, а втората, исто така во износ од 80 милиони евра, во јуни 2021 година, по позитивната оценка од Европската комисија за напредокот постигнат во однос на исполнувањето на условите поврзани со оваа помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе