Вести Македонија

Или средба со министерот за здравство Меџити или протест-став на пациентите со цистична фиброза

Или средба со министерот за здравство Меџити или нов протест, ова се предупредувачките зборови на пациентите со цистична фиброза. Последното ветување од Министерството за здравство беше дека до крајот на месец јуни ќе дадат конкретен одговор до кога и за колку пациенти ќе се набави лекот Трикафта. Јуни помина, а ветувањето пропадна. Пациентите останаа во исчекување, за кое велат нема да трае долго. Дадоа рок во кој очекуваат средба со министерот Меџити во спротивно излегуваат на протест пред Министерството за здравство.

  • Помина месец јуни. Ние се уште чекаме, но ќе им дадеме рок до крајот на неделава да излезат со конкретно решение за колку пациенти и кога ќе се набави лекот Трикафта. Ако нема средба подготвени сме повторно да излеземе на протест и на тој начин да го бараме лекот, вели Александар Стамболиски, пациент со цистична фиброза.   

Со набавка на лекот Трикафта пациентите би ја замениле досегашната венската терапија со апчиња. Нема да имаат повеќе потреба да лежат по две недели на три месеци во болница, а со тоа би имале повеќе време за својот приватен живот. Лекот го бараат за сите пациенти.

  • За сите останати пациенти. Мислам дека во моментот на околу 80 пациенти им одговара лекот, додаде Стамболиски.

Телма побара одговори од Министерството за здравство од каде ни кажаа дека оваа недела би требало да имаат средба, која неофицијално би била во четврток. Деновиве ќе стапат во контакт со членовите од Комисијата меѓу кои има и пациенти и ќе го договорат официјалниот термин за средба.

Асоцијацијата за цистична фиброза веќе долго време се бори за набавка за лекот Трикафта, а засега таа битка успеаа да ја добијат само за 12те најкритични пациенти.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами останува градоначалник, министерските позиции резервирани за други

Дејан Дејан

Кавадаречанец му се заканувал на градоначалникот на општината

Дејан Дејан

В среда прегласување во седум избирачки места, шест се во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе