Вести Македонија Топ вести

БМВ заврши во Лепенец, едно лице спасено, по три се трага

Едно лице е спасено и пренесено во ГОБ „8 септември“, а по други три се трага во водите на реката Лепенец, откако попладнево во неа заврши патничко возило од марката БМВ со косовски регистарски таблички.

Во инцидентот учествувал и патнички автомобил со скопски регистарски таблички

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека во тек е спасувачка операција и повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.

Од обвинителството соопштија дека несреќата се случила кога скопскиот автомобил претекнувал колона возила:

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на лице место на тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Приштина и презема дејствија за утврдување на причините. Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил Фолксваген туран со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со БМВ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец. Причините за сударот се уште се утврдуваат, а на лице место е присутен и сообраќаен вештак. Еден од патниците во косовското возило е извлечен од водите и веднаш е префрлен во болница, додека по останатите потрагата во исклучително тешки услови е во тек, соопштија од обвинителството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе