Вести Македонија Топ вести

Забраната за влез на стоки од Србија кон Косово – сериозна криза за регионот и „меч со две острици“ за Македонија

Делумно ембарго и забранет влез на стоки од Србија кон Косово – со вакви мерки дополнително се заладуваат односите и се засилува кризата помеѓу соседите. Погодени трговци, бизнис-сектор, а и целата економија. Двајца протагонисти, но целиот регион жртва среде кризата. Експертите предупредуваат – секој конфликт ќе донесе последици, а најмногу на економски план.

Државите да не станат гнездо на политичките амбиции и граѓаните да не останат без економска перспектива. Ова е пораката на стопанствениците. Ако кризата потрае, Македонија може да ја искористи ситуацијата – но, колку е тоа етички?! Ова прашање се отвора со оглед на тоа што извозот од Македонија во Косово е сериозно развиен и изнесува над 400 милиони евра.

Претходно, Владата на Косово објави дека по апсењето на тројца припадници на косовската полиција, е донесена одлуката да се забрани влез на српска стока и камиони со српски таблички. Инаку, Македонија најмногу извезува храна односно прехранбени производи во Косово, велат податоците со кои располагаат коморите. Но, на мапата се и други производи од секторот на металургијата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе