Вести Македонија

Проширувањето е потреба која мора што побрзо да се случи за стабилна Европа

Проширувањето на Европската унија (ЕУ) со Западниот Балкан е неизбежен процес за идна стабилна и безбедна Европа, е пораката која може да се извлече како заклучок од овогодинешниот дводневен Преспа форум за дијалог кој заврши денеска во Струга. Говорниците на 15 панели два дена го бараа одговорот на главнато прашање кое беше и мото под кое се одржуваше Формумот: Проширување на европското семејство до 2030 – Мисија можна или неможна, при што дел од нив дадоа и многу директни одоговори.

„Дали 2030 е возможно да се случи проширувањето, мислем дека тоа одамна требаше да се случи и да кажеме дека мисијата е успешна”, гласеше краткиот и јасен одговоро на Роберта Мецола, претседателка на Европски парламент.

„Дали ќе имаме проширена ЕУ до 2030, дали е тоа можна мисија – тоа е повеќе од можно”, е ставот на Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Но, освен вакви пораки беа испратени и пораки на загриженост од геополитичкото размислување на ЕУ за проширувањето.

„Ако војната е поттик за геополитичко резонирање да се навратиме на регионот и проширувањето, природно следи прашањето – што кога војната ќе заврши? Ќе се вратиме на стариот начин и помалку внимание на проширувањето?”, праша Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Освен Пендаровски и црногорскиот премир од Преспа форумот ги предизвика европските лидери, но тој со прашањето – дали се свесни дека Западниот Балкан и е потребен на Унијата, колку што таа му е потребна нему.

„Не сум сигурен дека капетанот или капетаните на Европската унија гледаа исто на ова”, беше пораката на Дритон Абазовиќ, премиер на Црна Гора.

Македонскиот премиер денеска во говорот кој го имаше на Преспа форумот за дијалог рече дека војната во Украина ја потсетило Европа дека на географската површина на европскиот континент, постои геостратегиска празнина која претставува отоврена врата за ветриштата кои веќе ја нишаат стабилноста на Западниот Балкан.

„Војната на европскиот континент го вклучи алармот дека само обединета Европа, заедно со Западен Балкан во неа – е стабилна и безбедна Европа. Сè друго е дел од решението, а не и самото решение, што е потребно за сите нас. Во овој процес треба да се стимулира и поддржи затворањето на билатералните прашања, секаде каде што е тоа потребно”, рече Димитар Ковачевски, премиер на Македонија.

Дел од говорниците за моменталната криза на европско тло предизвикана од војната во Украина и проширувањето изнесоа и став дека можеби единствено нешто позитивно во Украинската трагедија е токму тоа што ЕУ почнала проширувањето да го гледа како политички, а не како технички процес.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

100 дена со Талат Џафери како технички премиер

Дејан Дејан

200 по 200 денари до 2,4 милиони евра, колку пари се собираат од давачката пристап до мрежа во сметките за струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе