Вести Македонија Топ вести

Георгиев во „Топ тема“: Минорно е намалувањето на влијанието на извршната власт во судството при толку направени реформи за 13 години

Влијанието што може да го имаат судиите, не само од својата фела, од други судии, од претседателите на судовите и од членовите на Судскиот совет, влијание имаат и самите услови за работа кои сe уште треба да се градат како капацитети во судството се најголемите проблеми со корупција во правосудството, истакна Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во самиот каталог што беше изготвен во студијата на ОБСЕ може да се констатира дека судиите, воглавно, а и обвинителите, ги сметаат ризиците од корупција, пред се, како надворешни фактори. Многу малку се осврнуваат и во самата анализа на ризиците од корупција од внатрешни фактори. На прво место се извештаите и мислењата на вештаците. Според судиите и обвинителите, можеби тоа е главниот проблем, што со одолговлекување на постапките, понатаму може да предизвикаат и различни влијанија во самата постапка“, смета Георгиев.

Анкета на ОБСЕ покажа дека, за разлика од 2009 година, пораснале притисоците од судии колеги, повисоко рангирани судии и обвинители и членови на судскиот совет, но тоа не значи дека се намалени од политиката или делумно се намалени.

„Се работи само за проценти. За 13 години кога е направено првото истражување на ОБСЕ за независноста во судството, до ова истражување процентите се многу мали. Зголемено е, според самото мислење и ставови на судиите, влијанието во рамките на самата фела, меѓутоа донекаде е зголемено и влијанието од другите надворешни фактори. За некој процент, според нив, е намалено влијанието што го има извршната власт, но тоа се мали проценти во еден таков временски опсег, со толку реформи што се направени во правосудството, навистина се минорни показатели на подобрување на состојбите“, вели Георгиев.

Високи 72 проценти од судиите не се согласуваат дека Судскиот совет е заштитник на независноста во судството, а во сличен процент (73 отсто) сметаат дека унапредувањето на судиите не се врши со објективни мерливи и правични критериуми, покажуваат резултатите од анонимната анкета на ОБСЕ, како дел од проектот Проценка на ризиците од корупција во правосудството. Четириесет и пет отсто од судиите потврдиле дека имале некоја форма на притисок од свои колеги, а 42 отсто од претседатели на судови или судии од повисок суд. Над една третина од анкетираните пријавиле дека искусиле некаков вид влијание од извршната власт или од политички претставници. Влијанијата од адвокатите и деловниот сектор се со 35 отсто.

Ваква анкета ОБСЕ направи и во 2009 година. Овојпат околу половина од судиите и обвинителите, односно 212 судии и 83 обвинители одговориле на прашалниците ОБСЕ во ноември минатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе