Вести Македонија Топ вести

УКИМ бира нов ректор- повеќе од 1.400 професори на тајно гласање гласаат за еден од шесте кандидати

Над 1.400 професори денеска на тајно гласање кое ќе се спроведува во периодот од 12 до 14 часот од шесте кандидати ќе го изберат новиот ректор на УКИМ со мандат од три години.

По завршување на гласањето, изборните единици ќе ги пратат резултатите до Универзитетската изборна комисија.

Според роковникот за организирање на изборите, оваа комисија до крајот на денот треба да ги објави резултатите.

Потоа ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена. Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, Универзитетската изборна комисија на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати.

Доколку на некои единици во состав на УКИМ е потребно прегласување, повторното гласање ќе се организира на 9 јуни од 12 до 14 часот, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на истиот ден.

По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни.

Кандидатот што ќе биде избран, од септември ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Јапонски град постави “блокада“ за туристи. Не сака да ја фотографираат планината “Непристојни се”

Дејан Дејан

Родова еднаквост само на хартија – жените и натаму се борат за простор и позиции во политиката, економијата, науката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе