Вести Македонија

Адиловиќ Фазлиќ во „Топ тема“: Политичка поддршка, човечки капацитет и финансии се трите предуслови за успешна и добра реформа на јавната администрација

Дали сме задоволни со процентот на реализација, јас велам секогаш можеме повеќе, дали сме биле амбициозни – можеби да, можеби не, имајќи во предвид со какви предизвици се соочивме во 2020 година, изјави магистерка Есма Адиловиќ Фазлиќ, советничка за реформи во јавната администрација во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Стратегијата беше донесена во 2018 година, но 2020 година беше клучна година, кога ја имавме пандемијата, но и распуштање на собрание, техничка влада, имавме вонредна состојба во државата, па затоа забави и темпото на реализација на процесите. Но, целата администрација се насочи кон справување со мерките за надминување на пандемијата. Така, нашето Министерство во тој период се ангажираше на издавање на дозволи за движење во полицискиот час. Затоа, 2020 година, која беше клучна за реформите, не се постигна тоа што се очекуваше, но она што е важно е дека реформата не запре, реформата продолжи во континуитет за денеска да е 63 проценти на реализација“, изјави Адиловиќ Фазлиќ.

Таа нагласи дека стратегијата за реформи на јавната администрација е прва што е направена согласно Сигма принципите.

„За да имате добра и успешна реформа, треба да имате три основни предуслови. Првиот е да имате политичка поддршка, што беше изразена во самата Стратегија. Вториот се однесува на човечките капацитети, што секако ги немате одеднаш, но тие континуирано се надградуваат. И третиот момент се фианнсиските средства за реализација. Ова Стратегија е национален документ кој што ја даде првата визија каде реба да оди администрацијата. Гледам дека визијата е добро поставена. Нашите извештаи покажуваат дека процесот во еден период забави, но не запре“, додаде Адиловиќ Фазлиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 20 демонстранти приведени во Тбилиси

Дејан Дејан

Мицотакис за одлуката на Сиљановска Давкова да не го користи уставното име: нелегална, недозволива и провокативна

Дејан Дејан

МНР повикува на внимателност од страна на сите политички чинители- почитување на Уставните одредби, како и Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе