Вести Свет Топ вести

Уапсен е таткото на убиецот од Младеновац

Уапсен таткото на Урош, убиецот од Младеновац. Според српските медиуми полицијата при претресот во домот на Радиша Блажиќ пронашла цел арсенал на оружје.

Него му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа. Целта на неговото апсење според медиумите е утврдување на фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое Урош го изврши масакрот во кој беа убиени 8 лица меѓу нив и 15 годишно дете, а повредени беа 14 други.

Кај Радиша биле пронајдени неколку стотини куршуми со различен калибар, рачно изработена направа, еден пиштол и еден револвер, како и неколку оптички нишани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе