Вести Свет Топ вести

Седмооделенецот кој го изврши масакрот во Белград нема да одговара, но истрагата сепак ќе продолжи до утврдување на сите факти

Една недела по масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, кога 13 годишен ученик уби 8 свои соученици и школскиот чувар, а тешко повреди уште 6 деца и една наставничка. Седмооделенецот сѐ уште е на опсервација во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, додека неговиот татко е во притвор.

Иако 13 годишниот масовен убиец според законот во Србија не може кривично да одговара, сепак полицијата води истрага за да ги утврди сите факти околу оваа трагедија.

Како што беше најавено истрагата се води во неколку правци. Се испитува што К.К пребарувал на интернет, како го внесол оружјето и молотовите коктели во училиштето, дали некој и на кој начин го инспирирал да го изврши злочинот зошто како малолетник бил пуштен во стрелиште каде вежбал стрелање во мети. Се утврдуваат сите околности на овој случај, но засега е прерано да се зборува за нив, изјави неименуван извор од Министерството за внатрешни работи за белградска „Политика“.

Додека родителите на убиените деца ги организираа погребите, Вишото јавно обвинителство во Белград отвори истрага против таткото на 13 годишникот, товарејќи го за тешки дела против општата безбедност. Таткото, кој е осомничен дека оружјето со кое неговиот син го изврши масакрот не го чувал соодветно, дека го водел во стрелиште и го учел да пука, иако имал само 13 години, на сослушувањето негирал сѐ за што се товари.

Во српската јавност се појавија многу информации за околностите кои доведоа до оваа невидена трагедија, почнувајќи од тоа дека К.К бил малтретиран од други деца во училиштето, поради што бил префрлен и во друго одделение, до тоа дека на интернет пребарувал дали може кривично да одговара и како се прави бомба. Последната информација која се појави е дека момчето не покажувало никакви емоции, дека воопшто не побарал, ниту покажал желба да ги види родителите, и дека единствено што го интересирало било кога ќе биде пуштен да се врати дома.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе