Вести Свет

„Политико“: САД немаат намера да испраќаат ракети со долг дострел во Украина

Белата куќа не планира да го следи примерот на Велика Британија и да испрати ракети со долг дострел во Украина, пишува Политико.

Претходно весникот „Вашингтон пост“ објави дека Лондон размислува да испрати проектили со дострел до 300 километри во Киев, но конечна одлука за ова прашање се уште не е донесена.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли одби да ги коментира публикациите за време на вчерашната заедничка прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Такви карактеристики имаат американските ракетни системи АТАКМС, кои Вашингтон одбива да ги пренесе во Украина.

Американски функционер им рече на новинарите дека „политиката на ATACMS не е променета“.

Според него, САД ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со опрема за воздушна одбрана, муниција и оклопни возила.

Според Политико, постои и загриженост дека САД немаат доволно ATACMS во својот арсенал.

„Воено, имаме релативно малку ATACMS и треба да се погрижиме да ги одржуваме сопствените резерви на муниција“, изјави претседателот на Здружениот генералштаб Марк Мили за „Defence One“ во март.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Палевски Палчо однесен во суд

Дејан Дејан

6 милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан- Македонија би можела да добие 900 милиони или милијарда

Дејан Дејан

Боро Марлборо веќе осуден, а им скрои капа на врховен судија и член на Советот на јавни обвинители

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе