Вести Свет Топ вести

Путин за прославата на денот на победата – повторно се води војна против Русија

Русија го празнува денеска својот најголем секуларен празник – денот на победата, со кој се одбележува годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во втората светска војна, кога по поразот на окупаторите пред Сталинград, незапирливата офанзива на Црвената армија го потисна непријателот се до Берлин.

Централната прослава традиционално се одржа на Црвениот плоштад, каде руската држава со воена парада се обидува да ја претстави својата воена моќ, будно следена од неприкосновениот лидер, Владимир Путин.

Ние сме повторно нападнати, но ќе победиме, порача во своето обраќање, шефот на руската држава, Владимир Путин, повлекувајќи паралела помеѓу нацистичката инвазија и интервенцијата во Украина, која официјална Москва меѓу другото ја правда како одбрана на руското население во источниот дел од државата

„Денеска цивилизацијата повторно е пред пресвртна точка. Вистинска војна се води против нашата татковина, но ние го поразивме меѓународниот тероризам и ќе ги заштитиме жителите на Донбас и ќе ја гарантираме нашата безбедност“ – изјави Путин.

Повеќе од 50 парчиња воена опрема, вклучувајќи тенкови, артилерија и ракетни системи продефилираа пред Путин ,кому друштво му правеа дел од преживеаните ветерани од татковинската војна, и лидерите на дел од државите од заедницата на независните држави.

Заборавивте кој ги порази нацистите им порача на Западните земји, шефот на руската држава.

„Се чини дека тие заборавиле до што доведе лудата заложба на Нацистите за светка доминација, заборавиле кој го порази ова монструозно апсолутно зло, кој застана како ѕид за својата татковина и не ги штедеше сопствените животи за ослободувањето на сите народи во Европа“ – додаде Путин.

Војната во Украина или како Москва и натаму ја нарекува, специјалната воена интервенција, беше во фокусот на обраќањето на Путин, кој им оддаде признание на руските војници на фронтот.

„Горди сме на учесниците во специјалната воена операција, сите оние кои се борат на линијата на фронтот, кои обезбедуваат за борците на фронтот и ги спасуваат ранетите. Нема ништо позначајно од вашата воена работа“ – подвлече рускиот лидер.

За прв пат парадата заврши за помалку од еден час а во повеќе руски градови беа откажани сите прослави заради стравувањата од украински напади со дронови.

Додека во Русија се слави победата над нацизмот, во Киев пристигна претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, каде заедно со претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе го прослави денот на Европа, кога официјален Брисел се обидува да го промовира мирот на континентот.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе