Вести Свет Топ вести

Путин на Денот на победата во Москва: Светот е на пресвртница

Претседателот Владимир Путин изјави на парадата на Денот на победата во Москва дека светот е на „пресвртница“, бидејќи некои настани низ земјата се намалени поради безбедносни грижи
На Годишната воена парада по повод советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна, Путин повторно се обиде да ја поврзе руската инвазија на Украина со борбата против нацизмот, тврдејќи дека Русија го брани својот суверенитет.

Годинешната воена парада во Москва е малку поинаква од онаа што сме навикнати да ја гледаме на Црвениот плоштад. Денеска маршираа 8.000 војници за разлика од минатите кога ангажирани беа 11.000, имаше и помалку воен арсенал, без модерни тенкови, без воени летачки паста, а парадата беше пократка од претходните години.

Во Москва владее нервозно расположение по неодамнешните напади со беспилотни летала, кои руската влада им ги припиша на проукраинските сили – но кои Киев ги негираше.

Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала досега врз Украина во неделата вечерта
Во меѓувреме, Украина – заедно со остатокот од Европа – го слави Денот на Европа, кој има за цел промовирање мир на континентот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе