Вести Свет Топ вести

13-годишниот убиец од Белград прашувал „Кога ќе излезам од болницава?“ – Психијатрите велат дека очекува пофалби и скандирања

Момчето убиец (13) кое со пиштолот на својот татко уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае. Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади кај д-р Суботиќ, сосема мирен и има само две прашања: „Кога да излезам одовде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“.

Според српски „Блиц“, момчето убиец не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите.

-Нема молба, не ни праша за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин – вели изворот на „Блиц“.

Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, изворот на „Блиц “ наведува дека момчето убиец размислува и се однесува како да е во прашање моментот кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.

Тој го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба да биде деновиве.

– Второто прашање што го поставува е какво влијание остави, какви реакции. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат – објаснува нашиот соговорник.

Како што дознаваме седмоодделенецот не прима ни седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат.

– Второто прашање што го поставува е какво влијание остави, какви реакции. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат – објаснува нашиот соговорник.

За време на својот крвав пир, 13-годишникот одеднаш добил напад на паника, останал без здив и токму тоа ги спасило останатите деца од неговите куршуми. Нападот на паника го натерал да излезе во дворот за да го испразни пиштолот и тогаш повикал полиција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Дејан Дејан

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе