Вести Свет Топ вести

Русија нареди евакуација на 18 населени места околу нуклеарката во Запорожје

Русија нареди евакуација на 18 населени места во Запорожје. Со мерката се опфатени 1.680 граѓани, меѓу кои и 660 деца, од подрачјето околу нуклеарната централа во правец на Бердјанск, во пресрет на најавената контраофанзива на украинските сили.

Таквиот потег на Москва предизвика паника меѓу населението во Украина и страв од нуклеарна катастрофа, обвини портпаролот на вооружените сили на Украина.

Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси изјави дека евакуацијата на население во близина на првата линија на фронот во јужна Украина укажува на можност на тешки борби меѓу руските и украинските сили околу електраната. Тој додаде дека морал да минува низ мински полиња при посетата на електраната пред неколку недели.

„Иако нејзините реактори не произведуваат струја, и натаму се полни со нуклеарен материјал. Мора да дејствуваме за да спречиме закана од сериозна катастрофа и последиците кои ќе следуваат по луѓето и околината“, изјави Гроси, директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија.

Експертите од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија предупредија дека со поставување на оружје, Русија ризикува објектот да биде погоден од украинската артилерија и да предизвика нуклеарен колапс.

ФОТО: Поглед од стан во Киев погоден со урнат ирански дрон

Во врска со најновите руски напади во Украина, Ковалев изјави воздушната одбрана ноќеска соборила 35 беспилотни летала. Според него, московските сили изведоа 16 ракетни напади, 61 воздушен напад и 52 гранатирања во изминатите 24 часа, пришто нагласи оти има пријави за повредени и загинати цивили.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Најмногу претставки за сексуална и родова припадност, намален е бројот на оние за национална и етничка припадност

Дејан Дејан

Меѓународниот суд во Хаг ќе бара налози за апсење за водачите на Израел и Хамас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе