Вести Свет

ФОТО: Поглед од стан во Киев погоден со урнат ирански дрон

Украинската воздушна одбрана ноќеска собори 35 беспилотни летала од иранско производство, во големиот руски воздушен напад врз престолнината на Украина.

Пет лица во главниот град се повредени од остатоци од дрон кои паѓале низ повеќе делови на Киев, соопшти киевската воена управа. Остатоци од дрон погодија двокате апартман во висококатница во западната област на Киев.

Делови од погодениот дрон паднале врз автомобил во близина и предизвикале пожар на возилото. Градоначалникот Кличко го посети местото на нападот.

-Камикази-дроновите летаа во правец на нашиот роден град, но благодарение на нашите противвоздушни сили сите беа урнати, рече Виталиј Кличко, градоначалник на Киев.

Жителите на зградата преплашени се од нападот кој е најголем воздушен напад од почетокот на војната.

-Звукот беше ужасен, никогаш не сум слушнала такво нешто. После 5 минути имаше силно светло и разбрав што се случува. Ужасно ми е, домот ми е на 50 метри оттука, на исто ниво на прозорци со моиве се случил падот на остатоците, изјави Наталија Хаврилук, жител на Киев.

Поради масовниот напад, сирените за узбуна во Киев биле вклучени повеќе од три часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе