Вести Свет Топ вести

Мексико му го продаде на Таџикистан претседателскиот авион за 92 милиони долари

Мексиканските власти го продадоа претседателскиот авион, кој беше ставен на продажба пред неколку години, на Владата на Таџикистан за 1,66 милијарди пезоси (92 милиони долари), објави на Твитер претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Ги информирам народот на Мексико дека е склучен договорот за купување и продажба на претседателскиот авион. Владата на Таџикистан префрли 1.658.684.400 пезоси според официјалната проценка, напиша тој на својата страница на Твитер.

Средствата ќе бидат наменети за изградба на две болници, изјави шефот на мексиканската држава. Авионот, нарачан уште во 2012 година од претседателот Фелипе Калдерон, пристигна во Мексико во февруари 2016 година, кога на чело на земјата беше Енрике Пења Нието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дивиот „Луна Парк“ од Карпош почна да се демонтира

Дејан Дејан

Над 3.000 украински затвореници побарале да се приклучат на армијата

Дејан Дејан

Организациската директорка на Токсикологија им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе