Вести Свет Топ вести

Трет ден борби помеѓу армијата и паравоената организација во Судан

Трет ден продолжуваат уличните борби помеѓу суданската армија и паравоената организација во главниот град на земјата. Борби се водат околу генералштабот на армијата во Картум, меѓународниот аеродром и претседателската палата, додека во текот на ноќта нови судири избија и во други градови ширум земјата, со особено жестоки борби бо областа Дарфур.

Синдикатот на лекарите во Судан соопшти дека до сега е потврдена смртта на 97 цивили, но се стравува дека вистинскиот број може да биде далеку повисок затоа што армијата веќе три денови бомбардира и гранатира цели во Картум.  Информации пак за бројот на загинати и повредени меѓу припадниците на армијата и Силите за брза поддршка е непознат.

Во текот на вчерашнито ден двете завојувани страни договорија привремен прекин на огнот за да можат цивилите да бидат евакуирани од регионите каде што се водат борби, но ниту една од страните не го почитуваше. Во престолнината Картум веќе се пријавени недостатоци на храна, вода и електрична енергија, а штета е предизвикана и на многу цивилни објекти.

Последните немири во Судан избија како резултат на политичка пресметка и обид за приграбување на власта помеѓу двете најмоќни воени фигури во земјата, која со години се ноаѓа под воена управа. Генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е шеф на генералштабот и дефакто претседател на Судан и генералот Мохамед Хамдан Дагало, се двајцата шефови на чело на воениот совет кој управува со Судан по последниот воен удар во 2021 година. Двајцата генерали не се согласуваат за насоката по која треба да се движи земјата и како власта конечно да биде трансферирана од армијата назад, претставувајќи се дека ги застапуваат интересите на граѓаните, но граѓанските здруженија обвинуваат дека тие воопшто не се загрижени за иднината на земјата, туку за тоа што ќе се случи со нивното лично политичко влијание и богатство откако демократијата повторно ќе биде воспоставена во Судан.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе