Вести Свет Топ вести

 Три лица ранети откако палестинец отвори оган во преполна улица во Тел Авив

Палестински напаѓач отвори оган врз цивили во преполна улица во центарот на Тел Авив при што рани три лица пред да биде застрелан и убиен од израелската полиција.

Престрелката следува неколку часа откако израелските сили при рација убија тројца палестински милитанти во окупираниот Западен Брег.

Нападот се случи на улицата Дизенгоф, популарна сообраќајница исполнета со продавници и ресторани.

Тел Авив во моментот на инцидентот бил преполн со луѓе бидејќи во градот се одржувале антивладини протести.

Според израелските безбедносни служби лицето за време на нападот било застанато на средина од улицата и неселективно почнало да пука со пиштол, но полицијата успеала брзо да го совлада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе