Вести Свет Топ вести

Масакр во Германија- убиени најмалку осум луѓе, повеќемина се ранети, напаѓачот е мртов

Во северниот германски град Хамбург во вооружен инцидент во центар на Јеховини сведоци, убиени се најмалку осум луѓе, а нема прецизна бројка за повредените. Германската полиција проценува дека имало само еден напаѓач, кој веројатно е мртов, а зошто го извршил злосторството за време на манифестација не е познато. Германски „Шпигел“ пишува дека станува збор за лице на возраст меѓу 30 и 40 години, кое било поранешен член на верската заедница Јеховини сведоци. Инцидентот, што се случил синоќа околу 21 часот, со својот мобилен го снимил младиот Грегор Мибах, кој живее во блиската зграда, вели дека случнал 25 истрели.

  • Да, точно. Јас живеам овде горе и слушнав силни истрели. Затоа отидов до прозорецот за да ја видам ситуацијата. Потоа низ прозорецот видов како еден човек пука со огнено оружје. И го снимив тоа. Прво не ни сфатив што се случува. Затоа го снимав со мојот мобилен телефон. И дури преку зум сфатив дека некој пука во Јеховините сведоци. И додека го снимав тоа, сфатив што се случува, објаснува Грегор Мибах, очевидец.

Од безбедносни извори се дознава дека делото се смета за масовно убиство, бидејќи сите загинати имаат прострелни рани. Портпаролот на полицијата во Хамбург изјави дека првичните сознанија упатуваат на тоа дека има повеќе мртви.

  • Полицајците кои влегле таму потоа пронашле и лица кои биле тешко повредени од огнено оружје, а некои и смртно повредени. И самите полицајци слушнале уште еден истрел од горниот дел на имотот и се качиле на катот и таму затекнале уште едно лице. Засега немаме индикации дека сторителот е во бегство, туку индиции дека сторителот можеби е во имотот, можеби дури и меѓу загинатите, рече Холгер Верен, портпарол на полицијата во Хамбург.

Откако специјалните единици влегла во објектот, полицајците наишле на мртви и ранети, а потоа чуле истрел од горниот дел на објектот, каде е пронајден уште еден човек, за кој се претпоставува дека е убиецот. Непосредно по инцидентот беше издадено предупредување до населението за постоење непосредна опасност, кое утринава во три часот беше повлечено. Полицијата продолжува да врши потрага по евентуални други напаѓачи. Дополнително обезбедување имаше од страна на полицајци вооружени со автоматско оружје, а хеликоптер кружел над зградата каде беше извршен инцидентот. Градоначалникот на Хамбург, Петер Ченчер изјави дека е шокиран од настанот, тој им изрази сочувство на роднините на загинатите и вети сеопфатна истрага. Длабоко погоден од смртоносното насилство во Хамбург, сочувство изрази и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе