Вести Македонија

За две години Фондот за иновации потрошил 750 илјади евра за хонорарци, извештај на ДЗР

Фондот за иновации (ФИТР) не е доволно екипиран и се ангажираат лица од надвор. За перидот од  2 години Фондот потрошил 750 илјади евра за хонорари на надворешни лица. Ова произвелгува од ревизорскиот извештај на ДЗР кој се однесува на Фонд за иновации и технолошки развој за периодот од 2019 до 2021 година, во однос на кофинансираните грантови за микро, мали и средни претпријатија.

Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај безбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период, се вели во извештајот на дзр.

Истиот период од две години Фондот исплатил 260 илјади евра за експерти, чија задача била евалуација и стручно мислење за проектите. Ревизорите забалежуваат и дека ниту имало комисија за оцена на стручните лица, ниту биле интервјуирани и тестирани за да се оцени нивната стучност. Ревизорите потенцираат и дека Фондот нема компетентен кадар за реализирање и мониторинг на проектите што ги финансираат.

Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори, констатира дзр во извештајот.

Фондот за иновации исплатил 9 ,7 милиони евра  врз основа на нови мерки и инструменти кои ги нема ниту во стратегијата, ниту се дефинирани во Законот за иновациска дејност, констатира ДЗР.

Во периодот од 2019 до 2022 вкупно биле склучени 364 проекти, но до крајот на мај лани биле реализирани само 93, а во тек биле 258 проекти. Според ревизорите ова се должи на тоа што времетраењето на проектите е различно и се движи од 12 до 24 месеци, а некогаш доколку има оправдани причини рокот може да се одложи и уште половина година.

Дополнитлено во Овој ревизорски се констатира и дека корисниците на грантови не доставуваат навреме извештаи за исполнетоста и спроведеното.

Според извештајот, во ФИТР недостасува централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка и не може да се следи како се трошат парите, односно како се реализираат проектите од почетокот до крајот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис за одлуката на Сиљановска Давкова да не го користи уставното име: нелегална, недозволива и провокативна

Дејан Дејан

МНР повикува на внимателност од страна на сите политички чинители- почитување на Уставните одредби, како и Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе