Вести Македонија Топ вести

Определен е притвор во траење од од 48-часа за две лица кои се осомничени за киднапирање на внукот на Љубе Бошкоски

Определен притвор од 48-часа за две лица кои се осомничени за киднапирање на Самоил Костадиновски.

  • На 08.03.2023 од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна  инволвираност во случајот во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје. Двете лица денеска (09.03.2023) се изведени пред ОЈО Скопје, а потоа и пред Судија на претходна постапка, при што им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, објави МВР.

Предходно во текот на денот од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставита предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик.

26-годишниот Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен на четврти март од страна на неговиот брат. Тој е внук од братот на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.

Дали е киднапиран внукот на Љубе Бошкоски- апели да се открие судбината на 26-годишниот Самоил

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Дејан Дејан

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе