Вести Македонија

Синдикатите обединети против предлогот на закон за плати во јавниот сектор

Новиот предлог закон на Владата за плати во јавниот сектор ги обедини синдикатите, кои се против ова системско решение. Нацрт законот треба да донесе еднаквост на платите, а Владата ќе одлучува каде системски ќе се врши зголемување на платите. Со овој закон се укинуваат правата на синдикатите кои со години се бореле за колективните договори и за повисоки плати, велат синдикалците.

За колективни договори, наместо линеарно зголемување на платите се бореа и „белите мантили“ кои преку протести го изразуваа незадоволството. Овој предлог на Владата не беше прифатлив ниту за експертите и професорите. Колективни договори во образованието, здравството и културата им сметаат на Владата и преку овој закон сакаат да ги укинат сите права кои вработените во јавните сектори ги имаат преку тие договори, тврдат од КСС.

Со новиот предлог закон за плати, Владата очекува да се стави ред со примањата на вработените во јавниот сектор. Опфаќа 1.346 јавни институции, со околу 133.000 вработени.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе