Вести Македонија

Голема потреба од комисии за проценка на функционалност на деца со попреченост

Повеќе од 150 деца се класифицирани за период од две години во Југоистокот од комисијата која работи спред моделот на Меѓународната класификација на функционалноста. Според проценките на Здравствен дом Скопје, таа бројка ќе расте во иднина и затоа е потребно родителите да имаат можност да ги носат своите деца на проценка  во близината на местото на живеење, односно комисија да има во секој плански регион.

Регионалната МКФ комисјата во Струмица по две години ќе добие нови простории во напуштената градинка на поранешната фабрика „Струмичанка“, а дел од објектот ќе се адаптира и за неколку месеци ќе се отвори Дневен центар за деца со попреченост, во кој 40 деца на возраст од 3-14 години ќе може да добијат бесплатни социјални услуги.

Колкава е реалната бројка на деца со попреченост во регионот не е познато, затоа што сè уште нема база на податоци во државата.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе