Вести Македонија Топ вести

Два камиона со храна, ќебиња и хигиенски производи тргнаа кон Турција – плоштадот во Скопје исчистен од купиштата облека, штикли и свечени фустани

Два камионa натоварени со пакети храна, хигиенски производи и ќебиња, што беа донирани во Црвениот крст тргнаа за Турција. Во нив има 800 пакети храна, 4.000 ќебиња и, речиси, 2.000 хигиенски пакети. Треба да им помогнат на настраданите во земјотресот кои останаа практично без ништо. Без храна и вода, без дом, без облека. Освен ова, преку Црвениот крст собрани се преку 25 милиони денари односно над 400.000 евра.

  • Но, донациите не застануваат тука. Помош доаѓа од сите страни. Покрај Црвениот крст, општините, компании кои донираа за погодените од земјотресот и здружението „Мост“ одржа хуманитарен базар во скопската чаршија, а собраните средства ќе бидат донирани за помош на семејствата на настраданите од Турција.

Денеска плоштадот во Скопје е исчистен од купиштата износена облека, штикли и свечени фустани што до вчера беа расфрлани насекаде. Синоќа, пак, во Стумица стигнаа првите осуммина пожарникари кои помагаа во спасувачките акции во Адијаман. Потрагата по преживеани завршува утре затоа што се смета дека шансите да се најдат преживеани под урнатинати по 10 дена практично е невозможно.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Претпладне сончево, попладне нестабилно – Временска прогноза за 25.5.2024

Дејан Дејан

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе