Вести Култура Македонија

(видео)Во амбасадата во Пекинг студенти од Кина рецитираа македонски песни по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Во амбасадата на  Македонија во Пекинг се организираше културен настан по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј на иницијатива од Катедрата за македонски јазик при Универзитетот за странски студии во Пекинг.

Амбасадорот Сашко Насев подари книги на библиотеката од Катедрата за македонски јазик. Раководителката Чен Цјао се заблагодари и изрази надеж за успешна соработка во иднина.

Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите ги рецитираа песните „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов, „Букви“ од Гане Тодоровски, „Везилка“ од Блаже Конески, „Глаголица“ од Анте Поповски.

Во настанот се вклучи и македонската заедница, која живее и работи во Пекинг и проф. Јасмина Џуровска-Блажеска, професор по математика и природни науки во Меѓународното училиште Чинхуа, Пекинг.

Таа ја промовира македонската култура и јазик преку неформални и дополнителни активности.

Во настанот учествуваа и нејзините колеги од Кина, Шпанија, Виетнам, Филипини и рецитираа поезија  од македонски и кинески поети.

За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче”и Јовано Јованке”, „Назад, назад Калино моме”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе