Вести Свет Топ вести

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се осудува негирањето на геноцидот во Сребреница – бројни рекации во Србија

Со 84 гласови „за“ од 193 членки на Генералното Собрание беше усвоена Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници. Српскиот претседател Вучиќ повика да не биде усвоена зошто нема да придонесе кон помирување во Босна и Херцеговина и во регионот

Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) денеска, 23 мај, ја усвои резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Резолуцијата, чии предлагачи беа Германија и Руанда, го осудува негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторници.

Резолуцијата потсетува на пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои злосторството во Сребреница го окарактеризираа како геноцид.

Исто така, се потсетува дека во 2025 година се одбележуваат 30 години од геноцидот во Сребреница во кој во 1995 година загинаа најмалку 8.372 животи.

Ја нагласува одговорноста на државите да стават крај на неказнивоста за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права и да ги гонат одговорните за таквите дела со цел да се избегне нивно повторување и да се постигне одржлив мир, правда, вистината и помирувањето.

Во финалниот текст беа вметнати два амандмани, кои нагласуваат дека „кривичната одговорност според меѓународното право за кривичното дело геноцид не може да се примени на ниту една етничка, верска или друга заедница како целина“, како и „цврста посветеност за одржување и зајакнување на единството во разликите во Босна и Херцеговина“.

Обезбедувањето на ОН се обиде да го одземе знамето на српската делегација

„Ова е големо изненадување, многу луѓе беа шокирани во салата. Од оние кои беа во салата, 87 не гласаа за Резолуцијата. Две третини од жителите на планетата беа на наша страна“, рече Вучиќ.

Особена благодарност Вучиќ упати до Кина, Русија и Обединетите Арапски Емирати.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали на својот Инстаграм профил напиша дека е „сторено злосторство“ против Србија.

„На нашиот народ му беше дадена етикета што не ја заслужува, а тоа го направи современиот свет, кој е полн со демократија и развој. Ќе се сеќаваме“, напиша Мали.

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, по гласањето напиша дека резолуцијата „нема да придонесе за помирување или смирување на тензиите, туку само ќе биде како ветер во грб за нови насилни претензии и акции“.

Од друга страна пак, во знак на протест токму против усвојувањето на резолуцијата, десетици автомобили со истакнати српски знамиња во колона се движат по главните улици на Белград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албански и српски навивачи се тепале во Гелзенкирхен

Дејан Дејан

Зеленски: Украина уште утре ќе седне на преговарачка маса, ако Русија се повлече од нејзината територија

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Застрелан маж кој со секира се заканувал на холандските навивачи во Хамбург пред мечот на “лалињата” на ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе