Вести Македонија Топ вести

Незири во ВИН ВИН: Големо „кршење“ се случи на крајот на 2020, кога и Бугарија постави вето, тоа беше трето вето

По изборната хаварија СДСМ ќе оди на идеолошки и кадровски ремонт.

Дали апсолутната власт на ВМРО ДПМНЕ е шанса или хендикеп левиот политички спектар побрзо да ја консолидира алтернативата и да понуди баланс во општествената дебата за јавните политики?

  • Европската визија на Заев и на СДСМ, која беше на некој начин поддржана се до 2020-2022 година, Ако ги гледате анкетите се случи промена на името, се случи еден историски чин во поглед на решавање на еден децениски проблем поради кој земјата беше блокирана во нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ. Се случи договорот со Бугарија 2017 година, значи сите тие историски договори и големи компромиси и пак СДСМ имаше поддршка заради таа визија. Луѓето се надеваа дека ете ние ќе дадеме нешто од тоа што е наше во полза на таа перспектива да се биде членка на ЕУ. Но, ако ги видите анкетите тоа големо „кршење“ се случи на крајот на 2020, кога и Бугарија постави вето. Тоа беше трето вето: Грција, Франција и на крај Бугарија. И тогаш се покажа дека таа визија била погрешна, таа стратегија на СДСМ била погрешна и на некој начин му се даде право на ВМРО – ДПМНЕ коешто инсистираше на поголеми гаранции за членство во евроалтанските структури особено ЕУ за да се направат овие компромиси. На некој начин СДСМ како да брзаше да ги склучи тие договори и како на ВМРО – ДПМНЕ да му се даде право, кога беше против овие договори и како власт и како опозиција. И се случи да се врати ВМРО – ДПМНЕ нормално со ново раководство, но се уште не дистанциран од тоа старото ВМРО – ДПМНЕ, против кое се протестираше. Се протестираше против ВМРО – ДПМНЕ кое што не ја почитува слободата на медиумите, не ја почитува слободата на цивилниот сектор, сака апсолутна власт, ВМРО – ДПМНЕ кое е корумпирано и фактички. Јас немам слушнато дека некој се дистанцира од раководството тоа време и да добие една ваква победа и повторно да ја врати таа апсолутна власт која ја имаше од 2008 до 2016 година, фактички ние се враќаме во тој период. Дали ќе се вратиме во изолација, во тотален мрак во однос на медиумите, дали невладините ќе ги имаат слободите, дали индивидуалните слободи ќе бидат какви што беа?, истакна Џелал Незири, новинар и политички аналитичар.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Досега он-лајн за гласење на изборите во СДСМ се пријавиле 6.000 члена, се пребројуваат пријавите на хартија

Дејан Дејан

Во прилепскиот регион на големо се прави ископ на минерални суровини без дозвола, експертите бараат да се спречи грабежот на домашното богатство

Дејан Дејан

Недостасуваат настани од културата во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе