win-win

ВИН ВИН (23.05.2024) Дали по изборната хаварија СДСМ ќе оди на идеолошки и кадровски ремонт, дебата со Никица Корубин и Џелал Незири

По изборната хаварија СДСМ ќе оди на идеолошки и кадровски ремонт.

Дали апсолутната власт на ВМРО ДПМНЕ е шанса или хендикеп левиот политички спектар побрзо да ја консолидира алтернативата и да понуди баланс во општествената дебата за јавните политики?

Во Вин-Вин Оливера Трајковска дебатира со Никица Корубин и Џелал Незири.

 

  • Зависи дали оваа приказна се однесува само на СДСМ или се однесува на импактот што го има на  целата држава. А бидејќи овој изборен резултат се однесува на целото општество не само како промена на власт, туку патот по кој требаше да одат, а не одеа, тоа беше евроинтегративниот процес, мислам дека оваа приказна е недоволно експонирана, во смисла на тоа да не ја сведеме на тоа кој е виновен дали дал на време Ковачевски оставка или не, јас мислам дека е добро што не даде дента Ковачевски оставка, мислам дека ни сега не требаше да даде до самиот избор, единствено ако ова не е некоја техничка „игра“ за активирање на тие внатрепартиски избори. Вината дефинитивно не може да се лоцира само во ликот на Димитар Ковачевски без разлика на тоа на кој начин е тој дојден, ова е само логична завршница на една приказна до 2019, 2014 и барањето на Зоран Заев за предвремени избори. Реакциите кои што доаѓаат од внатре од партијата мене ми личат на откривање на тоа кој се е виновен за поразот на СДСМ. Односно како самите да си се експонираат со сопственото соучесништво во однос на тоа кој се е виновен за тоа што партијата е доведена до овој статус и воопшто нивното функционирање во општеството, рече Корубин.

 

  • Европската визија на Заев и на СДСМ, која беше на некој начин поддржана се до 2020-2022 година, Ако ги гледате анкетите се случи промена на името, се случи еден историски чин во поглед на решавање на еден децениски проблем поради кој земјата беше блокирана во нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ. Се случи договорот со Бугарија 2017 година, значи сите тие историски договори и големи компромиси и пак СДСМ имаше поддршка заради таа визија. Луѓето се надеваа дека ете ние ќе дадеме нешто од тоа што е наше во полза на таа перспектива да се биде членка на ЕУ. Но, ако ги видите анкетите тоа големо „кршење“ се случи на крајот на 2020, кога и Бугарија постави вето. Тоа беше трето вето: Грција, Франција и на крај Бугарија. И тогаш се покажа дека таа визија била погрешна, таа стратегија на СДСМ била погрешна и на некој начин му се даде право на ВМРО – ДПМНЕ коешто инсистираше на поголеми гаранции за членство во евроалтанските структури особено ЕУ за да се направат овие компромиси. На некој начин СДСМ како да брзаше да ги склучи тие договори и како на ВМРО – ДПМНЕ да му се даде право, кога беше против овие договори и како власт и како опозиција. И се случи да се врати ВМРО – ДПМНЕ нормално со ново раководство, но се уште не дистанциран од тоа старото ВМРО – ДПМНЕ, против кое се протестираше. Се протестираше против ВМРО – ДПМНЕ кое што не ја почитува слободата на медиумите, не ја почитува слободата на цивилниот сектор, сака апсолутна власт, ВМРО – ДПМНЕ кое е корумпирано и фактички. Јас немам слушнато дека некој се дистанцира од раководството тоа време и да добие една ваква победа и повторно да ја врати таа апсолутна власт која ја имаше од 2008 до 2016 година, фактички ние се враќаме во тој период. Дали ќе се вратиме во изолација, во тотален мрак во однос на медиумите, дали невладините ќе ги имаат слободите, дали индивидуалните слободи ќе бидат какви што беа?, истакна Џелал Незити, новинар и политички аналитичар.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Вин-Вин“ (13.06.2024) Што содржи нацрт текстот за измените на законот за судски совет

Дејан Дејан

Вин Вин 05.06.2024

Дејан Дејан

ВИН ВИН (30.05.2024) Интервју со министерот за здравство Илир Демири

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе