Вести Свет Топ вести

Обезбедувањето на ОН се обиде да го одземе знамето на српската делегација

Обезбедувањето на ОН се обиде да го одземе знамето на Србија кое го носеше делегацијата на српските жртви од Босна и Херцеговина.

Во Њујорк започна Генералното собрание на ОН каде ќе се гласа за резолуцијата за Сребреница. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во седиштето на ОН, а во пресрет на седницата, Вучиќ порача дека Србија на секој можен начин ќе се бори за интересите на нашиот народ.

  • „Ќе им одговорам силно и храбро колку што имам храброст. Се што имам храброст, знаење и сила ќе им одговорам. И искрено ќе им одговорам. Ќе им одговорам, ќе се бориме. Нашата нација не е геноциден народ “, е една од пораките на претседателот Вучиќ.

Пред почетокот на седницата на Генералното собрание на ОН се случи скандал. Како што дознава српски Курир, обезбедувањето на влезот во зградата се обидело да го украде знамето на Србија кое го носела делегацијата на српските жртви од Босна и Херцеговина.

Одбија да го дадат знамето со коментар: „Не за жива глава!“, информираат српските медиуми.

Откако беше усвоен предлогот за нацрт резолуцијата, претседателот на Србија Вучиќ се неметна со српското знаме и покрај барањето на обезбедувањето на ОН да го отстрани. Со ова српскиот лидер јасно порача дека „никој во светот нема да му го земе српското знаме“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги открие своите министри по седници на своите партиски тела- за некои имиња се шпекулираше дека ќе бидат во кабинетот на Мицкоски

Дејан Дејан

Претежно сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 17.6.2024

Дејан Дејан

(ФОТО) Премиерски портрет на Талат Џафери поставен во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе